или (сврз.) - месо (имн.)

Се движеа како диви кози, без да ја згазнат земјата, без да им пречат карпите и долиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој може да каже дека месо во вода или месо во карпа не е една форма на совршенство?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби некоја рибарска недела кога детето е крстено Ластавица или Тигар и ќе падне од нејзините раце, некој на некој далечен брег ќе погледне и ќе рече дека го видел ненадејното издигнување на еден бог. превод: Зоја Наскова-Барт Паганска ноќ ја напишав за време на второто од трите последователни лета што ги поминав крај реката Снејк во Ајдахо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А што со Мојсеј во реката со неизбежната судбина принцеза да го извлече од трските?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој од овие луѓе цврсто стискаше по една манлихерка во рацете, а исто така вешто придржуваше на десното или лево рамено по една тешка козинава сакма, a под неа — кожена торба, тагарџик, во која не секогаш се најдуваше парче леб или месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)