или (сврз.) - насмевка (имн.)

Оној што беше со неа (неговото лице беше безбојно и без знак, брчка или насмевка, за да се запамети) рече нешто.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)