или (сврз.) - објект (имн.)

Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сето внимание може да биде насочено само на една идеја или објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога веќе говориме за тоа, objet dard е dildo (вибратор), кој делото го претвора во игра со зборови со многу димензии и многу забавно тврдење или објект во функција на уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука нема мистерија: слично може да се разгледува и било која друга направа или објект.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во овој момент, ќе го задржиме вниманието на овој напор на сопственото јас, да не допушти било што да продре во него, за да не биде (сопственото јас и/или објектот), уништено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во едно само не сум сигурен: кого најпрвин го снемува, рамката или објектот сместен во неа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Масовното меѓународно појавување на психичката вкочанетост се појави како резултат од постојаната глобална закана од технолошка, еколошка или психолошка катастрофа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструкциската уметност ја претставува таа криза на неподвижност преку акција, настани и/или објекти, рекапитулирајќи ги условите, ефектите и процесите на деструкција коишто интерферираат со преживувањето и коишто биле потиснати од страна на епистемологијата на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)