или (сврз.) - оган (имн.)

Или чума изморила синове ти, дштерки? Или оган изгорил е кашта ти и стока?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Засекот што му ја претставуваше устата туку се отвораше и затвораше и сигурно тогаш ги пребројуваше купчињата или сламариците или огновите што везден тлееја, и пред да го пуштеа прстите од решетката ќе слушнеа како прашува Борис Биџов, тука ли е? Тука е! му велеа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе ти дојде да побараш цигара или оган, да прашаш каква манџа јадат, за човечки работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А не така, бам в чело или в гради или тело ти разнесе граната или оган те изгоре што паѓа од небо и си отиде со пламенот, со чадот, со ветерот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)