или (сврз.) - околност (имн.)

Попрво се работи за тоа дека апликацијата на некој израз не мора во секој случај да биде ограничена од едно правило (PI, I, 80, 84).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеме да се согласиме дека јазикот, општо земено, е раководен од правила, но да допуштиме дека смислата на еден израз, сепак може, во извесни употреби или околности, „ова или она да го остави отворено” (PI, I, 99).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во наредбата судот ќе наведе во однос на кои факти или околности се врши вештачењето, и на предлог на странката ќе определи на кого му се доверува вештачењето (чл. 235, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако странката предлага вештачење како доказ, но стори веројатно дека постојат факти или околности за кои не може да го прибави вештиот наод и мислење, судот ќе определи вештачење со писмена наредба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
5.  Судот ќе изведе вештачење како доказ, ако странката со тужбата или одговорот на тужба го достави стручниот наод и мислење на вештакот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)