или (сврз.) - парче (имн.)

Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Големите претпријатија на тоа подрачје доаѓаат сега од ерата на фабриките: да земеме метали, нафта, бои, лепила или било што друго и произведеме автомобил или парче софтвер или хардвер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога се засркнуваме од сланина или парче пилешка салама, си помагаме еден на друг во земањето воздух и сред воздишки се смееме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Косата ми е сплеткана и замастена, среде чело имам огромен фластер, а наместо нос еден сплоснат завој крв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако Зигмунд ќе заминеше во училиште, моите сестри излегуваа во дворот зад зградата, а јас останував близу до мама, ја гледав како работи, гледав во нејзините раце и нејзиното лице додека переше, додека го рибаше подот, додека крпеше, везеше, готвеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој немаше деца. Гапка има деца и тие трчаат по дворот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)