или (сврз.) - прашање (имн.)

„Дождот не престана“ - рече така што таа не можеше да разбере дали е констатација, чудење или прашање, па затоа само повторно нишна со главата. 11 Професорот Никола - Еко со еколозите и планинарите секоја недела оди на Водно - тоа му е рекреација.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сепак ударен во оваа глава е делот насловен Training and Performance, кој се занимава со „проблемот на идеологијата во ситуација на вежбање, обучување и изведба (training and performance), во практичниот силогизам на идеологијата на или во поединецот, или прашањето како идеологијата преку парцијализациите се претвора во чин, делување, акција на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од секојдневните, ги анализира идеолошката симулација, Ман и Кетман однесувањето; а од граничните, - хероизмот и фанатизмот, донкихотството, борбената идеологизираност, предавството и дисидентството, преоѓајќи потоа на проблемот на губењето на телеолошката заднина и на откажувањето на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)