или (сврз.) - причина (имн.)

Се разбира, постои и едно друго објаснување или причина за збунувачките размисли кога се во прашање привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А, пак, во поглед на дозволеноста на отказот – како трудовоправен институт, работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот; работодавачот, пак, може да го откаже договорот само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот [лична причина или причина на вина] или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот [деловна причина].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас, нив, (привидите) ги сметам за оние многубројни живи роднини на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во поглед на т.н. минимални отказни рокови ситуацијата е следна: ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец, а со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок – меѓутоа не подолг од три месеца; Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници – отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали тоа беа незапирливите бранови на егзотиката кои ги заплискуваа бреговите на духовите на Европа во времето на егзотизмот, во времето на безрезервната потрага на изгубените моќи во источните вредности или причината едноставно беше во нешто друго?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)