или (сврз.) - пријател (имн.)

А ако ќе им се присака да одат да посетат свои роднини или пријатели, мораат да се обратат до народната власт за да им издаде дозвола, значи пропусница за движење и со поздравот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“ се движеа со ливчето в рака или в џеб, сеедно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби ќе сретне некои од старите другарки или пријатели.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)