или (сврз.) - продажба (имн.)

А во ЗТПОК (1993) зборот „франшизинг“ беше употребен само еднаш – во делот на казнените одредби (чл. 101, ст.1, ал.4) – од што имплицитно под овој термин се подразбираше „облик на располагање и/или продажба на општествениот капитал“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Всушност, франшизата претставува практицирање и користење на бизнис процеси на некој друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)