или (сврз.) - простор (имн.)

Почетокот на тргнувањето на времето, со што оживува просторот, е како кога седиш на воз пред тргување па си се заборавил и не си забележал кога возот тргнал туку одеднаш сфаќаш дека возот, иако полека, сепак почнал да се движи и неколку мига не знаеш дали возот те влече напред или просторот се истргнува од под возот наназад.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јавниот простор обично се дефинира како место (или простор) создаден и одржуван од јавен орган и достапен за сите граѓани за нивна употреба и уживање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како таков, тој допира многу дисциплини, меѓу кои географијата, архитектурата, историјата, политичката економија, урбанизмот, антропологијата, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)