или (сврз.) - радост (имн.)

Па сепак, незнам дали повеќе го знаевме тоа што нè учеа или радоста што ја чуствувавме поради празничното расположение и сите оние игри што ќе ги играме и нешта што можеби ќе ги доживееме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од сеќавањата што ги издвојувам и сега не ми е јасно што натежнуваше во зборовите на Даскалов, незадоволството или радоста?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во неволја или радост тој бил се истиот - ладнокрвен, спокоен, секогаш весел со добродушна шеговитост и саркастичен хумор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)