или (сврз.) - река (имн.)

- Манастирот не е никаков граничен објект, како што е да речеме, некоја планина или река, па тој сам за себе да претставува природна граница, - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судбината го водеше секогаш разгранетото семејство да пристанува крај води: море, езеро или река...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Знаеше и за споровите дури и во пределите на високите планини што го опкружуваа Езерото, за караниците, меѓу спротивставените селани, кој повеќе да извлече вода за селото на минување на потокот или реката помеѓу две села.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На пример, низа брановидни линии можат да претставуваат море или река, а цртежите на луѓе и животни претставуваат нивни „живи еквиваленти”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)