или (сврз.) - семејство (имн.)

Прво, тргна кон Судот, па се врати, продолжувајќи кон дома, небаре се наоѓаше пред дилемата: должностите или семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оној со кој си се родил, со кој случајноста или семејството те сврзало.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денеска е чест општиот израз лингвистичко семејство кое опфаќа целина од јазици од исто потекло, како на пример индоевропско семејство или семејство на семитските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)