или (сврз.) - сестра (имн.)

Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Други, пак, чувствуваќи се понижени и посрамени пред семејството, и чувствувајќи се винивни пред него што не сториле ништо за својот спас - можеле да се убијат, да се отрујат, да скокнат од кулата прудолу - одбиваа да се вратат, дури и кога ќе се најдеше некој таков во семејството, брат или сестра, што ги викаше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку за шамијата требаше нешто да се плати, па нашите родители во согласност со најдобрите традиции на македонскиот домаќинлак, добиваа идеја да свршат работа со шамијата на постариот брат или сестра.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дали брата жалаш, Јано, Или сестра жалаш? Оф, аман, аман!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И така, тргнавме Саше и јас со Бак по улицата кон баба Стеве, ама решивме пред нивната куќа да скршнеме во една од споредните улички за да не нè видат дека го шетаме кучето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не разбирам зошто таквите нѝ завидуваат нам кои имаме браќа или сестри и се жалат што се сами, па постојано навалуваат на мајките да им родат бебе. Глупави!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа е од оние кои би сакале да имаат брат или сестра, а нејзините не сакаат, а јас сум од оние кои ѝ завидуваат дека е единче, освен во моментите кога сме подолго време со брат ми разделени, па ми недости, како што беше тој ден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие денови бев задоволна и од резултатите на моите истражувања во фиоките и шкафчињата на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога губевме братче или сестриче, ја очекувавме новата рожба, како некое враќање на нашите изгубени браќа или сестри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подиставен до оградата потоа гледаше како се редат првачињата - со родител, со баба, со дедо, со постар брат или сестра.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Очекував да биде тука некој од браќата или сестра ми. Никој.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)