или (сврз.) - спомен (имн.)

Пред да се стемни, виделе од далечина урнатина на кула или на манастир, костур на вчерашен живот, ред камења или спомен на иноверска одмазда или на заборавен земјотрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изморен, со чувство дека е отфрлен, заборавен, избришан од дружината, болниот паѓал со тил на тврдото лежиште и останувал со отворена уста додека едно од многуте јазичиња на стравот му го лижело разголеното непце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)