или (сврз.) - стапалка (имн.)

Ги испреврте сите кантички наопаку да им истече сета боја на подот, ги шутна ќупчината со четки и шпахли да се скршат на парчиња, а овие да се растурат како чкорчиња од фрлен кибрит, го истури терпентинот по сопствените стапки или стапалки што се ширеа од ногалките низ ателјето, како бранови што се губат од потонатиот камен, лежеше на тврдиот миндер покрај голата софра и ѕуреше во колското тркало, од кое беше направил солунски лустер, а сега висеше само како колено од скршена кола.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)