или (сврз.) - студент (имн.)

Павло веќе беше починат. Децата на Елени беа средношколци или студенти, сеедно!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека неговата сопруга со службеникот на галеријата расправаше за некои детали на осветлувањето и обележувањето на сликите, како и за програмата на таа вечер, Френк восхитено пак ги набљудуваше самите слики, толку блиско познати, а едновремено сега толку сјајно званични, како нечии деца или студенти кога дипломираат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се укина и правото на странците кои престојуваат во Република Македонија врз основа на специјализација, стручно усовршување или практично оспособување, како и правото на странците кои врз основа на меѓународен договор престојуваат во Република Македонија заради учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти, да работат или да се работно ангажирани за периодот на нивниот престој (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)