или (сврз.) - федерација (имн.)

Во телеграмата испратена до шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин, се барало тој да го запознае претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито со британскиот став во однос на нивните разговори за југословенско-бугарската подготвеност да одобрат конфедерација меѓу сите балкански држави, непријателски и сојузнички и по можност вклучување на Турција, додека не би одобриле и би спречиле “ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се предлагало Владата на Неговото Височество да го прифати и да го поддржи ставот со кој со одобрување би било прифатено федерирањето меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување по можност на Турција, а никако не би ја прифатиле исклучивата унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија поради фактот што тоа "би ја нарушило рамнотежата на силите меѓу балканските држави", со што Грција би била изолирана и на тој начин загрозена нејзината позиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие сметале дека со тоа би се оневозможило Бугарија да ги сноси последиците од нејзиното учество во двете војни на страната на Германија против нејзините соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД ја поддржувале Британија во нејзиниот став за поврзување "сојузнички и непријателски земји со можност на вклучување и на Турција", но биле против некаква ексклузивна "унија или федерација" меѓу Југославија и Бугарија, "зашто тоа не би придонело за напредување кон поширокото групирање и исто така би ја изолирало Грција и би ја загрозило нејзината положба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)