или (сврз.) - в (предл.)

- Ќе дојдат и ќе се одмаздуваат. Овие ќе отидат како што дошле, ние ќе останеме да плаќаме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сон или буден, додека работиш или јадеш, во затворен простор или на улица, во купатило или в кревет - нема спас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ги вратиме. - Немаме камења. - Ќе дојдат кога ќе имаме. Или в гора нека се закулничат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А не така, бам в чело или в гради или тело ти разнесе граната или оган те изгоре што паѓа од небо и си отиде со пламенот, со чадот, со ветерот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)