или (сврз.) - вистински (прид.)

Повеќе би се радувал ако чичко ми, кој беше учител негде во далечната Србија, ми донесеше грст бонбони или вистинска гумена топка, ако ми подареше било што, само не онаа книга со која не знаев што ќе правам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И по извесно време забораваш на остатокот од спектарот и почнуваш да веруваш дека таа е единствената важна, или вистинска.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Ова што ми го раскажа, беше измислена приказна, или вистинска?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Компјутерската повратна спрега може да прави повеќе отколку само на тој начин да ги преуредува осетите на корисникот тие да дадат псевдоискуство на летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повратната спрега може исто така да овозможи врска со некој актуелен авион, така што кога пилотот управува со палката вистинските авионски мотори се вклучуваат или вистинското оружје стрела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)