или (сврз.) - лош (прид.)

На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но има и нешто друго. често се грижам дали тоа е добра или лоша технологија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол, и пред да почне да се занимава со правење филмови, имал афинитет за собирање и колекционирање на безвредни предмети за масовна потрошувачка, како неупотребени возни карти и сл. 100 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се надевам дека ќе нè упати кон чувството на толеранција и разбирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некој не може да упати на едниот термин без имплицитно да упати на другиот термин.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уште повеќе, како што Дерида (1978) укажува, на овие опозитни термини обично не се гледа подеднакво па така вториот термин е фалична или лоша верзија на првиот термин и затоа таа е потисната. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја поткрева главата од перницата и погледнува низ прозорецот да види каков е денот; понекогаш му е сè едно дали и сончев или дождлив, добар или лош, како што му е сè едно на затвореникот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па, како во својот личен израз најдовте начин да го избегнете добриот или лошиот вкус?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но неговата потреба од дијалог и не е така беспричинска или лоша како што се чини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ами, за добрата или лоша везилка криви се наречниците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нашите семејни состаноци што татко ми ги закажува секогаш кога за тоа ќе се појави причина – било да е добра, или лоша, се такви: секој има право да го дополни главниот дневен ред, а него го составува претседавачот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Претседавачот е татко ми, а мајка ми го надополнува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој со години, уште кога беше мала, со тропнување на ѕвончето на портата, носеше добри или лоши вести.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски. ‌Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275 И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Негувањето на добриот вкус им е дијалектички спротивно на кампот и на неговата восхитеност од лошиот вкус, неговата љубов кон естетската катастрофа – дијалектички спротивно, велам, затоа што добриот вкус и невкусот нужно упатуваат еден на друг, а едното го имплицира другото и едното постојано ја приспособува сопствената дефиниција во однос на другото. ‌Самиот вкус, бил тој добар или лош, е бесмислен без скалило и мера за вредност, без степени на префинетост и распознатливост.276 Во естетизмот е вграден одреден снобизам, со цело множество аршини, критериуми, судови и перцепции, со обиди да се распознае подоброто од полошото, згодното од одвратното, оригиналот од имитацијата, реткото од вулгарното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Трчаа покрај камионите само да за слушнат вест, добра или лоша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)