или (сврз.) - вкупно (прил.)

3 Бидејќи тужениот работодавач не ги оспори пријавените побарувања на својот работник –  следуваше судскиот совет (во состав од судијката Л.Тодорова –  претседател и судиите- поротници Е.З.Тосева и А.Петрова – членови), по одржаното советување и гласање,4 во ноември 2007, да донесе позитивна пресуда врз основа на признание со којашто го усвои тужбеното барање на тужителот и го задолжи работодавачот – по основ на надомест на претрпена материјална штета – да му исплати: а) 16 неисплатени плати [за периодот од јули 2005 до октомври 2006] во единечен износ од 7.866 МКД – или вкупно, по овој основ, сума од 125.856 МКД (о. 2.065 ЕУР); и б) 16 неисплатени придонеси во ФПИОМ, за истиот период, во вкупен износ од 47.209 МКД (775 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 36.870 МКД (605 ЕУР) и паднаа на терет на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве што останува по смртта на еден човек со нормална тежина: 0,150 кг. содиум нитрат 0,255 кг. стронциум 0,800 кг. магнезиум 4,650 кг. калциум карбонат 21,375 кг. калциум фосфат 21,375 кг. колагенски влакна Или вкупно – 43, 430 кг. И ништо повеќе. И ништо помалку. Нема душа! Нема душа! Нема душа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според официјалните податоци што главниот инспектор Хилми-паша иги испратил на својата влада, во Битолскиот вилает имало 461 затвореник, во Солунскиот - 382 и во Косовскиот (Скопскиот) - 281, или вкупно 1.124 души.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па така, наместо казните да бидат утврдени во број на просечни плати, тие се утврдуваат во конкретни износи (пр. од 50.000 до 250.000 денари за 13 вида прекршоци и од 30.000 до 200.000 ден. за десет типа прекршоци – или вкупно наведени 23 прекршоци).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)