или (сврз.) - замислен (прил.)

Главната емоционална нишка во овие сцени, според ваквото гледиште, не би претставувала претераност, туку искреност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто во живнувањето на афектот што триумфира над општествената инхибиција укажува на еуфоријата што се крие во секое херојско одбивање да се живее лага.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ги читаме двете сцени како мигови на вистина, можеби во нив ќе најдеме ефект на екот од искуството (вистинско или замислено) на излегувањето од плакарот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)