или (сврз.) - малку (прил.)

Одевме еден кон друг и се гледавме.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Напладне, или малку подоцна, го најдов крокодилот. Лежеше крај една река и сонуваше нешто.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Под Големиот Брат е Внатрешната партија, чија бројност е ограничена на шест милиони луѓе, или малку помалку од два отсто од населението на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Внимание! Го следиме стариот клонв Жан Мартин, вдовец и стар седумдесет и една година и ќе бидеме со него само еден час. Или малку повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По гласот Мече позна дека тој е или негов врсник или малку постар од него.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Човек што се држи само за една вистина или малку знае или многу лаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На дофат или малку потака таа застана и прозбори на албански.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)