или (сврз.) - најмногу (прил.)

И што станало со имотот на мајката? Дали таа добила најмалку или најмногу од јајцата?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таквите чувства ја спојуваа и со Деница, но нивната врска имаше и нешто многу подлабоко: Деница широко ја прегрна Илона кога нејзе ѝ беше најтешко, таа ја зближи со Крумета Волнаровски при што врската доби и степен на “службеност” која тие двете се обидуваа (без многу напор, бидејќи тоа навистина го сакаа) да ја релаксираат со постапки кои беа во согласност со обостраната потреба за слобода, за откаченост, за пиздарење и тогаш, или најмногу тогаш - кога се наоѓаа пред сериозна задача.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа трае неколку секунди или најмногу десетина и пак се гасне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие, десетина дена или најмногу две недли откако ќе се видеа, следно среќавање не споменуваа, но потоа, при првата можност, едниот ќе му рече на другиот: „Да не е време да ги започнеме преговорите за следниот самит!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Овде, исклучиво или најмногу во Македонија, младоста на овој народ, момчиња, девојки, млади двојки, многу со деца, густо одат преку океанот, се леат во река без враќање ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мислам дека имам уште една или најмногу две години да се заебавам со несериозни нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Исто така заради, или најмногу заради неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или најмногу ја посакува улогата на џелат, кој откако ќе ги потцени обвинетите се определува за лекоумни и случајни заклучоци и аргументи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие зборови постоеја и пред да ме затворат, да, и пред тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека имам зборови, неброени зборови за се она што се случуваше овие денови во мене. Можам и да ги искажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
3 „Таа е нема!“ Ги повторувал овие зборови на осаменоста и со неспокојство на нешто што е занес или копнеж, или најмногу религија на нејасна љубов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во влезната просторија мала фурна за печење на еден или најмногу два леба; имаше камин до фурната, а масата беше со нозе прицврстени помеѓу црвените тули што беа послани како под, а низ отворената врата се гледаше другата просторија, онаа со огромни каци во кои лежеше виното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)