или (сврз.) - негде (прил.)

По селото се раскажува дека тој испратил жалба во Комитетот или негде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше уште горе, на фронтот, или негде по нашите планини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби ќе го пронајдете во некој од џебовите, или негде во близина ", сериозно го посоветува службеното лице и дури стори движење со кое како да сакаше да почне со пребарување по неговите џебови, но Филип Д. навреме отстапи чекор- два, а за секој случај и рацете ги подаде пред себе јасно давајќи на знаење дека ја одбива таквата помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По селото се раскажува дека тој испратил жалба во Комитетот или негде , Против тебе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)