или (сврз.) - некако (прил.)

Баге само претпоставуваше дека тоа ќе биде илегалец, најверојатно маскиран или некако преправен, кого само тогаш ќе го сретне во животот и потоа никогаш повеќе нема да го препознае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тој стоеше на портата и викаше како да ми е татко или некако да ме храни: - Да те не видам повеќе да се вртиш крај сестра ми!...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од друга страна, навистина не е многу важно дали феноменов ќе го нарекуваме метафора или некако инаку: во таа непрекината игра на формите, на сенките што паѓаат од еден на друг свет, на неоплатонистичките „хиероглифи”, на анаглифите на инжинерите за гледање, каков што е Duchamp, потоа и на метаморфозите и анаформозите, во тоа проникнување и непрекинато умножување на глифичките ефекти или феномени - поточно, сликите на феномените - тие непрекинато меѓусебно се заменуваат, или се придружуваат едните кон другите, додека механизмот што е кадарен да ги произведе останува ист: стаклена плоча, pariete di vetro.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таа како од пушка почна: „Петре-Петре,пиралче, На грмада седеше...“ Во меѓувреме Јоле или го чу гласот на Петрета или некако се сети на нас и како што ја имаше раката на грбот од срната, се сврти кон даскалницата и го виде Петрета Даскалот седнат на прагот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)