или (сврз.) - неколку (прил.)

Во самиот комитет треба да бидат застапени сите, или неколку народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во секој случај, сфаќав дека сè што знам за човештвото е семејството, неколку улици, училиштето, црквата, неколку музичари, строго цензурираната музика, неколку книги, радиото, железничкото купе еднаш годишно, морето и неколку патишта и места во Шкотска.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа не може да се срочи во еден или неколку зборови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)