или (сврз.) - непосреден (прил.)

Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одредбата во договорот за вработување којашто е во спротивност со општите одредби за правата, обврски- те и одговорностите на договорните страни, определени со закон, колективен договор, односно акт на работодавачот е ништовна 223 од моментот на склучувањето; а одредбите на закон, колективни- те договори, односно општите акти на работодавачот, со коишто била делумно одредена содржината на договорот за вработување, се составен дел на овој договор и го дополнуваат или непосредно се применуваат (чл. 29, ЗРО). 7.  Еден од законски предвидените начини на престанок на дого- ворот за вработување е со отказ (чл. 52, ст.1, ал.5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во него, во однос на одделни прашања, страните можат да се повикаат на закони, колективни договори и [општи] акти на работодавачот (чл. 28, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работниот однос заснован со договор за вработување на определе- но време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот, под ус- лови и на начин утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник може да се склучи до враќање на привремено отсутниот работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)