или (сврз.) - несвесно (прил.)

Наместо критички да ги преиспитаат тие, свесно или несвесно, ги забошотуваат карактерните национални мани и така го отфрлаат сопствениот интелектуален развој и станувајќи, такви, национални писатели, нацијата ја сопираат во природната еволуција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Односно, тие паѓале или свесно, или несвесно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Често, намерно или несвесно гипоттиснуваат, задушуваат, вршат суицид на сопствените чувсва.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прибегнуваат кон самотијата затоа што се плашат од опкружувањето и реакциите на другите, а тие што знаат да ја контролираат самотијата можеби создаваат нешто креативно во тишината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Излегов порано од вообичаено, бидејќи мајка ми, свесно или несвесно, ме избрка од дома со смрдеата на запршка од кромид што ја подготвуваше уште од рано изутрината (МРФФФГГГРРРЈЈММРРГГ, ова беше пцофката што успеа да процури во тој момент, сега преведена на книжевен јазик).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беше тоа чудесна, тивка солидарност, како дел од нејзината молитва ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно тој обрна внимание на тие пројави во работата на жена си кога, свесно или несвесно, му се пристори или поверува дека сето тоа секако ќе резултира со нешто одредено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изговарајќи ги последните зборови, се сврте кон мене, ми намигна, и продолжи: “Знаете, брат ви неодамна објави книга за соништата, за некакви едипови комплекси, за таткоубиства и мајкопосакувања, за свесно и несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега ајде, ќе ве испратам до дома, па таму во топлиот брачен кревет ќе можете мирно да сонувате, сеедно дали свесно или несвесно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)