или (сврз.) - нецелосен (прил.)

Пресудата поради изостанок не може да се побива поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба (чл. 342, ст.2 од ЗПП). 6.  Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или, пак, со порамнување пред суд или пред друг државен орган, застаруваат за 10 години – па дури и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на зас­ тареност (чл. 368, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со решение, ќе ја укине пресудата на првостепениот суд и ќе му го врати предме- тот на тој суд на повторно судење, ако смета дека – заради правилно утврдување на фактичката состојба, треба да се одржи нова главна расправа пред првостепениот суд, освен ако одлучил сам да одржи расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на овој вид пресуда ќе се изнесат само причините што го оправдуваат донесу- вањето на ваквата пресуда (чл. 327, ст. 5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд ќе постапи вака и кога странката не ја побивала пресудата поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба, ако при решавањето за жалбата се појави оправ- дано сомневање дека фактите врз кои е заснована првостепената пресуда правилно се утврдени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)