или (сврз.) - обратно (прил.)

Па така, како повреда при работа се сметаше повредата на осигуреникот причинета со непос­ редно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот – ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како повреда при работа се сметаше и повредата причинета на опишаниот начин што осигуреникот ќе ја претрпи на редовниот пат од станот до местото на работата или обратно, на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинато по налог на работодавецот, како и користење право на преквалификација, доквалификација или вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Театарџиите имаат само едно време и тие се исклучени од можноста да заменат старо за ново или обратно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали во македонските наречја поодделно преовладуваат македонизмите пред србизмите или бугаризмите или обратно?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа го гледаше својот сопруг како задоцнет балкански Дон Кихот, на кој му се придружил и Татко, или обратно, како со нивните книги, најдени помеѓу Западот и Истокот, со нивните проекти, кои можеа да се сметаат и како утописки според можностите во времето во кое живееја, тие како залудно трагаат по излезот од варварството и идеологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште повеќе изненадува што рефлексот во огледало на косата на девојчето изгледа како рефлекс од косата на Мона Лиза и/или Belle Haleine, набљудувани од ист агол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа би можело да укаже на фактот дека Ергенот е одраз на Невестата во огледало (и обратно) - што веќе беше споменато во врска со Големото стакло: Областа на Невестата е одраз во огледало на областа на Ергенот (или обратно).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега можам да се качувам во светот горе и да слегувам во светот долу и да гледам кое време на кое му должи и кое го менува - минатото идното или обратно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најмногу сака кога среде реченица ќе му се присака да излезе заради некоја мала работа во дворот и таму, кога бргу по излегувањето, ќе му текне да допише збор, цела реченица, пет-шест па и половина или цела страница со нестрпливост да се врати на работната маса. Или обратно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По игра на случајности, може да се случи гениталиите да бидат типични за машки пол, но менталната поларизација да биде типична за женски одредби. Или обратно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си ветив дека од утре ќе бидам „парадентошизомазопато- хомосаурус” или просто речено, мојата болест се добиваше, што би рекол големиот Волтер (ете, и овој пат морам да позајмувам туѓа изрека), кога „А-Б”, ќе се помножи со „Д”, а нивниот резултат ќе се подели со „Ф”, или обратно беше, не знам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зар поинаку ќе постапував ако знаев дека иследникот веќе има заклучено оти му се остваруваат намерите? Или обратно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене нема потреба да одлучувам, мислам дека имам одлучено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И дали навистина можам да си претпоставам кој од нас двајцава има право да смета дека се наоѓа на вистинската страна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Невиниот фотон или електрон кој си ја гледа својата работа ги има и едното и другото сѐ додека ние не почнеме да ја гледаме неговата работа кога, како што е покажано, неговата брановидност отстапува место на честичавоста, а моментот на положбата, или обратно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога тој го знаел само договорниот знак по кој ќе се препознае со врската, а дали таа ќе се појави како познат преправен во непознат или непознат преправен во познат, дали како женско маскирано во машко или обратно, тоа Баге ниту го знаел ниту требало да го знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не е важно за кого си печена, туку за кого си речена, или обратно,...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам... мене лично оваа „состојба” ме фура на резигниран ентузијазам (или обратно, на ентузијастичка резигнираност).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
M Нора, одреден дел од таа, хм, скопска сцена во тебе гледа сосема автентична ноќна кралица, снажна, пред сè, мошне талентирана, прилично информирана, но и сиромашна ко Снежана и за сега без вистинска шанса; сето тоа само ја зајакнува аурата околу тебе или, обратно, те слабее?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Наскоро заборавив на случајот бидејќи ми дојдоа другарките на посета и почнаа да ми раскажуваат како Виктор го изневерила Валентина, па како тој плачејќи трчал кај неа дома или обратно беше, навистина не знам, ми беше многу тешко да ги слушам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу често ме будат нејзините родители кои гласно крескаат за ќерка им да ги чуе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)