или (сврз.) - овде (прил.)

Можеби морето си го прави своето или овде било помало влијанието на Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако еднаш ми рече: „Сѐ едно дали сум таму, со нив, или овде стојам, јас сум во играта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сосема е сеедно дали сум таму или овде, стравот е подеднакво силен, ужасот ме обвива како пајажина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според интерниот партиски договор, кој своевремено му беше дискретно пренесен и на Чанга, козите требаше да се вратат во селата, таму да се заколат, или овде, во градот да им се отстапат на народните мензи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
У склопот на овие кружоци, главна трибина е вечната дилема: дали подобро се живее у Македонија со 500€ или овде со 5,000$?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)