или (сврз.) - полно (прил.)

Според дотогаш-важечките одредби, намалената работна способност значеше дека осигуреникот со нормален работен напор што не ја загрозува неговата здравствена состојба, повеќе не може со полно работно време да работи на своето работното место, преостаната работна способност – дека осигуреникот може да ра- боти најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или полно работно време на друго работно место, со или без преквалификација или доквалификација, додека за загубена работна способност станува збор кога осигуреникот е потполно и трајно неспособен за вршење на својата работа и друга соодветна работа и не може со преквали- фикација или доквалификација да се оспособи за друга соодветна ра- бота со полно работно време (чл. 41-43, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)