или (сврз.) - поточен (прил.)

Во поглед, пак, на работното место – Марковски, дури во март 2004, со Решение бр. 04-08/10 е вратен на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За овие скоро три години, или поточно 33 месеци тој беше невработен и редовно се пријавуваше во тогашниот Завод за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот на генезата на алфабетските системи писмо треба да се разгледува врз широката заднина на филогенетскиот развој на писмото како такво и оформувањето на конкретно алфабетските писма од претходниот, старосемитски консонантно-силабички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Модната креација е на врвот, но многумина велат дека таа е преселена или поточно пренесена од италијанските модни куќи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шестата категорија припаѓа на учениците и јадната студентарија кои трошејќи 20 години од својот живот образувајќи се и финасирајќи го лешинарското општество на крај завршуваат како нус производ или поточно речено суровина за извоз во другите држави.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Овие најмногубројните, кои не беа ни со едните, ни со другите или поточно: кои беа користени и газени и од едните и од другите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рековме: бојата, звукот, сликата или поточно - чувствената сензација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Препрочитувајќи ја изјавата на Цвета Басотова бев навистина вчудовиден. Но умот сѐ уште ме служеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А какви се пијавиците? - ја прашав. - Грди. Црни. Со устинки што се лепат за кожата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури сакам и да му признаам дека сум затечен или поточно збунет од сопствените размисли а и од оние чудни слики што постојано ме изненадуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно и се беше причинило дека глумам оти не сум ја дочул или пак не сум ја сфатил пораката што ја беше изрекла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно, тој не се сврти кон мене туку неговиот показалец...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да биде уште поголемо недоразбирањето, за личноста од моите желби не знаев ништо, но верував, или поточно бев сигурен, дека еднаш сепак ќе го сретнам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вашите податоци благо речено може да се сметаат за невалидни, или поточно, лажни".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заборавив да напоменам, или поточно да се сетам, дека кон масата ме упати и прстот на иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно да помислиш дека е во прашање некој отсутен или поточно непристапен но само за твојот поглед.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели сепак е редно да ги признаам овие околности, или поточно да ги имате и вие предвид - реков јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно веќе сфативте дека мислев на татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Луѓето ѝ оддадоа достојна почит на мајка ти - ми вели Даскалов. -Таша го заслужуваше тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ајде, не избегнувај го суштественото, нормално е да се има намери и да се брка некаква цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи јас сум ти била постара и од таа црква, или поточно таа и не била родена кога ме донеле за да ме остават пред нејзините двери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека моето однесување што уследи не ја задоволи, или поточно ја разочара.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби и не реков; можеби само успеав да слушнам дека размислувам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури сега, (значи со прилично задоцнување), почнувам да се сомневам дека иследникот нешто ми рекол или ми наредил.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Непостоечки погледи со кои се разминувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа беше начинот на кој ми ги беше упатила прашањата, или поточно нејзиното гледање на проблемот што најмногу ја измачуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Патем, само за да појаснам, секое поставено прашање таа го проследуваше со по неколку можни одговори така што практично не оставаше никаков простор за некое додатно мислење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
До сега софтверски се дефинирани и втемелени следните програмски системи на литературата во хипертекст (тие се некој вид на скелет, или поточно предлог-скелетчиња): приказна за просторот (Storyspace), водич (Guide), хиперкарта (HyperCard), како и проширените книги (Expended Books - тоа се всушност класичните печатени текстови прилагодени за електронскиот медиум).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во храмот на Талија влезе преку театарското бифе или поточно, преку Арт клубот, сместен во сутеренот на театарската зграда.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Истиот тој немал свои потомци, или поточно имал, но тоа во вториот дел од приказната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е мојата внука од Македонија, или поточно од Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината мисла имаше во себе порака, или поточно тоа беше повеќе лелек на нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во мигот кога со болницата, или поточно со социјалните служби ќе го ставиш потписот, твоето веќе не е твое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добив, добив, или поточно украдов...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И токму амбивалентноста на терминот Естуар ме повлече или поточно ме вовлече во обидот да се заплови, или да се нурне во матицата или можеби во матрицата (матриксот) која клокоти низ версифицираните слики на Марта Маркоска.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Додавката или прекарот комитата што дотогаш ги носеше Раде, се запусти или поточно исчезна уште кога ја нагрна војничката блуза во една бугарска рота,** а на додавката ич сѐ уште мораше да попричека.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За Филип Д. настанов беше само интересна тема или поточно добар потег на умешен маркетингшки претставник кој и во овој случај го беше искористил методот на соблазнителното поткревање на завесата зад која речиси ништо не се наѕира.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во овој прекрасен пролетен амбиент обрабен со толку расцутени црвени рози се чини необмислено секое објаснување за потребата покорно да се исчекува неминовноста, што толку грдо нè притиска и ги празни просторите на надежта, или поточно, ги населува со поспаните ѕверки на меланхолијата, на отуѓеноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На крајот на таа пијана ноќ, или поточно во утрината, се разбуди токму на таа иста софа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и во таквите моменти на збунетост и нејасна надеж, тој беше сигурен дека , (иако сонува и посакува еден вид вознес за својата личност; иако се осмелува да ги смета за остварливи и најнедостижните желби), никогаш не му припаѓаше на светот на празните фантазии, туку напротив, целосно ѝ припаѓаше на грубата реалност, или поточно на светот на математиката како што често нагласуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш всушност почна да се случува, или поточно да се открива настанот што тој веднаш го сфати како крунска потврда за разумноста на неговата зафатеност со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Време е да спомнам исто така дека постојат некакви си наоди, или поточно сомненија што се поврзуваат со моето однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Првиот веднаш ќе го поврзиме со судбината на Раде, или поточно со гатачката од штипско Ново Село, која одамна предвиде дека му е пишано кусиот живот да го проживее токму како војник!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем што тој лично има сторено ако не постои загубениот понеделник и ако ја нема, или поточно ако била привид спомнатава белезица?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој и сега, поприлично остарен, не се труди да ја скрие својата воодушевеност од неа или поточно од сè она што го создаваат нејзините раце.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го пресретнал долу, под Слатински ливади, или поточно малку погоре, пред да почне да го качува Црвен Рид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или се обидувам да се оправдам себеси пред нив поради неразумното прифаќање на поканата или поточно заповедта на брат ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас само ќе додадам дека тоа беа мигови кога ноќта ги истури зборовите што ги беа смислиле суштествата од високите гранки, додека Борис Стојчев, или поточно соред Катерина привидот од неговата сенка, шеташе по мермерните плочки што ја оградуваа фонтаната и се ѕвереше угоре, во крошната, од која еден по еден се јавуваа гласовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па зошто тогаш да се води сметка и да се размислува за спомнатиот неприфатлив совет или поточно прекор?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив дека ова доцнење, или поточно свеста за тоа дека доцнењето и вистински се случува, може негативно да се изрази на пример при попречувањето на евентуалниот залет што секогаш му претходи на обидот за лет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и за свитканиот на две Дане Шарлаганџијата, или поточно за неговиот коњ што ја движеше пресата за цедење шарлаган.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едноставно затоа зашто моето клечење се покажа некорисно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Извинете - го прашувам доктор Пачев - а како изгледа или поточно како си го замислувате тоа ваше просветление?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сфаќајте ме погрешно, никогаш не сум си вообразувал дека можам да го остварам тој сон на Икар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа пристрасност веројатно е последица на она мое воопштено размислување и оценка дека нашата врска, или поточно нашата љубов била една голема несреќна градба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, секогаш штом ќе почнеше да се смее излегуваше од сенката или поточно сенката наеднаш ќе исчезнеше па таа почнуваше да зборува и многу слободно да се однесува, да ги искажува своите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно е дека и од порано се сомневав во фриволноста на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку, веднаш да појаснам, ноќ на славеите не означува назив на официелен настан; терминов го измислив јас, или поточно самиот ми се наметна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тој проклет куплерај или поточно во кафеаната го убија и оној несреќен солунец Раде, кој им се закануваше на властите од секое место и во секое време.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие денови, или поточно набрзо по доаѓањето на Белогардејците во нашиот град, овдешната армија издала наредба да се примат од редовите на руските офицери повеќе инструктори кои ќе им помагаат на српските офицери во обучувањето на војниците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму тој несреќен генерал без документи а со генералска става, Ролан Јаковлевич, се беше вселил кај Трајче Кусакатски, или поточно во домот на неговата вдовица Родна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам колку уживаше татко ти во онаа работа како вратар, или поточно како чувар во Градината на среќата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така што причината зошто филмот не успеал не мора да ја бараме во областа што лежи меѓу таа Гринова визија на шпионажата како најчист израз на валканата, осенчена битка за власт што ја негира целата темелна димензија на човечноста, ниту меѓу Хичкоковата визија за непомирливо спротиставениот универзум, уште повеќе што обете визии се христијански или поточно, католички обоени: малку поедноставено би рекле дека Гриновата визија има свои „песимистички” црти (битка за власт во валканиот свет), што за Хичкок е, сепак, премногу оптимистично зашто неа будно ја чува неизвалканиот идеал на чистата Човечност што е расипуван и користен од валканиот свет на власта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И бидејќи до оваа точка стигнавме со Valery, би било згодно да ги споредиме сличностите, односно разликите на нивните методи, „средишниот став почнувајќи од кој подеднакво се можни сознајните проекти и уметничката работа”, (18) или поточно, како кај Leonar- do, „со помош на која пресметка делови од една градба, елементи на една драма, чинители на една победа, добиваат можност да се споредуваат меѓу себе?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)