или (сврз.) - просто (прил.)

Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одеа молчаливи и загрижени еден крај друг и го влечеа на улар наследникот на коњ нестрпливо чекајќи да се разминат со камион, луѓе, или просто, детска количка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се губи во еден необично возбудлив свет и во него е готов на секакви лудории, да го минира светот или просто да убие некого.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас пак повеќе сакав навечер да читам или да работам над оној мој есеј или да правам анотации во врска со некоја нова тема или просто да ја слушам како шлапка водата на езерото и да гледам во гребените околу, чувајќи ја својата тага.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)