или (сврз.) - речиси (прил.)

Еден од неговите идоли, Рејмонд Расел, како исходиште ги користел хомофоните или речиси хомофоните фрази како: Ma chandelle est...= Marchande zelle, или исто така, Les lettres du blanc sur le bandes du vieux billard (Бело испишани букви врз бандите на стариот билјар) = Les lettres du blanc sur les bandes du vieux (Писма кои ги напишал белец, а се однесуваат на стариот одметник).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Музиката му го развесели и чекорот – звуците чудесно му дадоа ритам на неговото чекорење и на неговото постоење во тој миг, и тој знаеше дека ништо не може вака да го разбуди освен волшебноста на музиката. Или речиси ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наспроти тоа што грчкото население во цела Македонија претставувало една осмина од вкупното население (македонското било повеќе од една половина), грчките владејачки кругови сметале дека имале право да претендираат на цела, или речиси на цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поконкретно, обрнува внимание на опсесивноста со која некои геј-мажи ценат, сакаат и се фиксираат на нешта што многумина други ги сметаат за тривијални, ситни или речиси незабележливи нијанси на архитектонскиот или на внaтрешниот дизајн.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, акултурацијата се однесува на рутински процес на социјализација што се одвива идентично или речиси идентично во целата конкретна група или во целата конкретна популација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, Фелоус собира низа лични раскажувања што силно сведочат за степенот на страста на геј-мажите за естетско совршенство, за идеална убавина – појава што веќе ја забележавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како јазикот, кој служи како пример за другите процеси на акултурација, тие обрасци на мислење и на однесување им се втиснуваат на децата уште од раната возраст, било кога намерно се подучуваат на нив, било кога децата едноставно ги впиваат од своите одгледувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ уште мора да досегнат – низ болка или низ радост, постепено или речиси веднаш – до дисидентско гледиште кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, за културата обично се претпоставува дека се состои од разни произволни, но системски обрасци на мислење и на однесување кои се длабоко врежани во перцепцијата и во навиките на оние што им припаѓаат на конкретните групи на човечко живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Типовите устроени кон зачувување се љубители на ситничава внимателност околу ситниците на дизајнот...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се одвива во рамките на сите семејства што претставуваат едно општество или културна единица, така што сите припадници на одредена група на човечко живеење на крајот спонтано ќе бидат, на пример, родени говорители на еден јазик – иако го учеле во различни околности и во малку различни верзии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Телевизијата, радиото и пишуваните медиуми даваат с помалку информации за Македонија, бездруго тоа е знак дека борбите престанале... (или речиси)?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но да прецизирам: ова прашање што јас си го поставувам себеси, а не ви го поставувам вам, вие бездруго сте доволно зафатен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сепак, треба да се истакне дека претходното постоење на оваа одредба фактички значеше дека по никој или речиси по никој основ работникот кој останал невработен не може да оствари право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој, или речиси никој, не веруваше дека кулата некогаш ќе биде завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велат, ајде да се вратиме до исконските поими и црното ќе го нарекуваме, па ако не веднаш црно, тогаш за почеток можеби модро, а потоа дури сиво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А вистината ќе ја наречеме вистина, или речиси вистина, или вистина во голема мера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)