или (сврз.) - сосема (прил.)

Одоздола веќе не се слушаа гласовите од телевизорот. Симон го беше намалил или сосема го беше запрел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веќе никој не е врзан за физичките карактеристики доделени од природата, никој не мора да биде врзан со јажињата на традицијата - оваа комуникација не ги познава границите наметнати со културната и политичка хегемонија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или, доколку веќе сака да се смести, самиот може да си го избере идентитетот што му одговара - некој постоечки или сосема нов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
При сето ова од трохејот до јамбот – сѐ е ставено во припомош за да ја донагласи возбудата или сосема да ја смраќи тагата на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Људје, не слушајте го Крсто... нему таму о топлите и суви острови изгледа или многу му се стопли умо или сосема му се исуши, та затоа така кутрио си зборува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некоја трага посилно втисната во свеста од многуте заборавени или сосема избледени мечти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)