или (сврз.) - срамно (прил.)

Не е никакво чудо што геј-мажите ги бие глас дека се склони кон мелодраматичност во своите стилови на емоционално изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навистина. Што толку страшно или срамно имаше во тоа Стојо што ја тепаше Митра?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А некој таков напор може да им биде крајно нужен на геј-мажите, кои немаат на располагање готови општествени форми за да си ги искажат чувствата и на кои, затоа, секое искажување емоција мора да им се раководи според некоја постојна, хетеронормативна општествена норма или некој таков жанр, на кој нивното искажување може да му биде само имитација или пародија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)