или (сврз.) - утре (прил.)

Добро, реков, Методија се опоравил и ќе можеме попладне или утре претпладне, да тргнеме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Иако малку столчен од нејзиното зло око, ама решен да не ја испушта јадицата и да биде денес или утре тоа што и татко ѝ, сепак се насрчи како мачор на оса.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако не сега, по еден час или утре, задутре... за малку сме запрени во твојот ан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веројатно Коле нема дознаено добро: денеска или утре...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во текот на денот или утре ќе го довршам писмово и ќе се погрижам што поскоро да ти го пратам...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Вечер или утре ќе ме распрашува за сѐ, а потоа ќе се фали пред сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)