или (сврз.) - утредента (прил.)

Од околните села и откај Превалот надоаѓаа селани и војници на ДАГ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знам дали после воопшто ги мие или утредента ми ја става чинијата пред мене само така олижана од кучето или од мачките.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неговото тело, што пред мои очи го натоварија во една количка, беше тело на младинец од 20 до 22 години, во европски но бедни алишта: тоа е заедничкиот тип на злосторниците што беа фатени или убиени онаа ноќ или утредента.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои веќе велеа дека или во текот на ноќта или утредента ќе одиме на линијата, во борба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)