или (сврз.) - додека (сврз.)

Провокативното претставување што го направил Деборд за сегашната состојба на работите се однесува на мафијата, која откако (или додека) се разгледува како антитеза на јавниот морал и социјалното добро, “сега стои како модел за сите напредни комерцијални претпријатија”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе испиеше половина чаша ракија ќе се крстеше се додека не ќе го заболеше раката или додека не ќе го треснеа со нешто по глава.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само може да биде избоден во грб. Или додека спие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само додека го хранеше своето мало срнче, или додека го упатуваше во некое ново откривање по неговиот свет, тој забораваше на сѐ друго и ѝ загубуваше за некое време дира и на таа своја тага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега со метлата ја собра и она половинка од недопушената цигара, се посмеа кога си спомна како ја тресна ноќеска Претседателот таа половинка цигара, пред да стане да пука, или додека стануваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уживаше додека му се качуваше низ раката, весело пиштејќи со јазичето, или додека го демнееше пленот, хипнотизираната бубачка, плетејќи го околу неа ловечкиот танц.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Така разбрав дека Петре М. Андреевски пред да ја напише Небеска Тимјановна или додека веќе ја пишувал ги консултирал и мајка ми и нејзината друшка од домот во Унгарија, Доча Гилева (сега Чонкова).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам дали додека се одмораат или додека поткаснуваат, отвора уста за да пушти глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гоце, единствената надеж на мајката, му ја стискаше раката како да сакаше да го додржи до свест, го плескаше по бескрвните образи со галежни шлаканици, молејќи се да го има жив во рацете барем додека не се појави таа секогаш Брза помош или додека не долета тој волшебник од лекар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Екипата зјапаше во него, како во оживеан портрет од рамка на ѕид, сè додека не ѝ стана јасно дека треба да снима сè што ќе ѝ речат и дека треба да трча от крај накрај на градилиштето, додека не се стемни или додека не се расипе времето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш обично ги затворав очите, се преправав дека спијам и мижев сѐ додека навистина не заспијам или додека не исчезне силуетата на лошиот човек дојден по мене.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Богами не сум далеку од помислата дека тој лично го има застрелано тој ваш генерал, и тоа од зад грб, во тилот, додека јавал зад него, или додека кутриот Генерал спиел а Иван Степанович седел на некое кутнато стебло приведувајќи го кон познатион жален крај своето одамна донесено решение: да му ги прибере парите на Генералот и да се стори најпосле барем со генералски шинел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)