или (сврз.) - откако (сврз.)

Сега не можеше да се сети дали за првпат го виде О'Брајан пред, или откако го сонуваше тој сон; ниту пак можеше да се сети кога го идентификува гласот од сонот како глас на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во „Патувањето на крајот на ноќта“ вашиот јунак се јавува доброволно, бидејќи е привлечен со војната музика.  Ма не, тоа е измислица.  Дали се пријавивте од патриотски причини или откако сте почувствувале дека тоа е Ваша професија, или поради некаква наклонетост...  Поради некаква наклонетост, бидејќи сум лиричар, то ест малку чукнат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Третата пролет откако ги раселив глувчињата или откако тие ме населија, го сретнав првиот сосед во селото, познат сликар кој тешко продаваше од своите дела, заради што темно, сувосано лице, премачкано со боја на гареж, на дим.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)