како (сврз.) - за (предл.)

— Така „вела“, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго“ и носи секакви болести, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти ѝ смрди опурчакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станува збор за стручњаци за типографија, за обликување и произведување на печатарски букви, историчари за натписи (епиграфика) и за ракописи (палеографија), за историчари на уметноста, стручњаци за судска медицина и многумина други што се заинтересирани како за естетските особини на графичкото изразување така и за неговите утилитарни функции (во издаваштвото, огласувањето, картографијата итн.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сегашното востание е многу поучно, како за нас исто така и за Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Х.Х., кој како да чита мисли ми вели дека постоеле проекти врз големи платформи, како за вадење нафта од морското дно, да се постават специјални бункери, ама засега тоа е во фаза на проучување и собирање потребни средства.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еднипати цела ноќ ќе се гледаме со Горачинов, а како за последен пат да се гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Бургиба е сменет! - Ако, синко. Само да е за арно - Не разбирам! Како за арно?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Седи покрај работната маса, ја разгледува книгата; веројатно истата онаа за која сношти зборуваше како за раритет; како за скапоцена посебност; го потсетувала на древните свети книги или записи што, случајно втасале до нас од некое неодредено време па оттаму и сите оние нејасни претпоставки во толкувањата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)