како (сврз.) - кај (предл.)

Одевме заедно назад крај брегот, по она што останало од некогашниот пат, бидејќи не беше тоа песочен брег, како кај природните езера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го врти високиот газ кренат како кај кокошка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу подобра е ситуацијата во оние примери со јасна симболика (Човекот од снег) каде, како кај Чапек, стапките во снегот наеднаш исчезнуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа идело, како кај ѕверот кога го вика планината, дивината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)