како (сврз.) - кога (сврз.)

Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сме се разгракале така, како кога ги испраќавме жеравите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Необичната врева што настана го разбуди малиот Мартина исто како кога замислено одите некаде, а некој одеднаш ве тупне по рамото одзади.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Исто како кога се готви за врнење: кога ластовиците летаат ниско, а мувите касаат и преку алишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Близу пол саат што одел, и кога дошол до една тумбичка, се качил на неа и чул од луѓе зборови; арно ама ништо не разбирал од тие зборови, така му се чуло, како кога да кљакаат штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А Дико, штом остана сам, издивна како кога се свршува најтешкиот дел од работата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)