камоли (сврз.) - да (сврз.)

Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се плашам да погледнам надолу, во водата, а камоли да скокнам и да пливам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Исто така беше сигурен дека таа никогаш повеќе нема да сака ни да се сретне со нив. А камоли да живее во исто семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Никако да ни тргне од рака таа тешка и мачна работа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој би требал да биде прогласен за тапа на годината, а не јас!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мигар ги немаше дотогаш ни слушано, а камоли да размислуваше за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ниту да ја допре. Камоли да ја дофати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој на Бошка му изназборе толку, што овој ни глава не можеше да крене, а камоли да си ја каже маката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не е во состојба, кутриот, ни да ги допре а камоли да ги сфати задскриените намери и невидливо бојадисаните постапки на насмевнатата секретарка која без да ползи туку само со неколку одмерени скокови се најде на она место од каде сега има целосен увид во сите позначајни случувања во установава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)