кога (сврз.) - има (гл.)

Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто сега, кога има толку многу средства за уништување на маларичните комарци и на сите други инсекти, нема да ги коси маларијата, а со враќањето на водите, ќе им се врати и едно цело мало богатство - стопанство во кое тие ништо не вложуваа а имаа голема полза од ловот и риболовот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главата да ти пукне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога имаше ливади, пред да ги потисне водата, многупати коњите ги носевме ноќе на пасење. Тие тогаш 'рпаат од тревата и фркаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога имаме цигари, немаме кибрит, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега, кога имал со себе само двајца комити, Јонета и Гелета, кавалот му било уште попотребен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Болеста е голема кога имаш леб, вели, и болеста е уште поголема кога немаш леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Абре, господ да чува, кога имаш улав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, времето не врви само кога имаш мака. Кога ќе ти позацелат болите. И тоа е јуда. Ти бега како вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога има војна секогаш зимите се длабоки, а имањето ти рика, му се јаде. Не те прашува дали имаш, ти бара. Сите сечат за козите, јас за кравата, за магарето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)