кога (сврз.) - мисли (гл.)

Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Може Бугарите и се прави кога мислат оти Русија без Бугарија не може да саштествува, ни политички ни економски, но тоа е бугарска политика, а јас не сум намерен да политикантствувам бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)